Тоше Проески со 10.833 гласови е избран за најдобриот пејач од Македонија во анкетата спроведена на Џулиани и Rec Production.[b][i]
Според резултатите од анкетата на Џулиани и Rec Production, која заврши со над 30.000 гласови на социјалната мрежа Фејсбук на второто место, со 2.132 гласови е Тони Зен.
Двајцата победници ќе добијат ваучер од 3.000 евра за изработка на видео запис. За Тоше Проески ќе се направи видео запис на некоја досега необјавена песна, во договор со Фондацијата.
Анкетата, како што соопшти Rec Production, паралелно се одвивала во Македонија и во Албанија по повод четири години од постоењето на оваа продукција и од видео продукцијата на режисерот Џулиани. За таа цел се доделуваат и ваучерите.
Досега ова е најголемата анкета направена за избор на најдобар македонски пејач.