Во чест на својот незаборавен и многу сакан идол Тоше Проески, негови фанови во саботата вечерта организираа караоке во скопското кафуле Кафе-кафе.
Беше прекрасно, многу распеани и хумани лица. Многу музика, сеќавање на најголемите хитови на нашата легенда Тоше и можност секој да си ја испее својата омилена песна! Дониравме за Јоце кој боледува од церебрална парализа. Вечерта ни се придружи и невладината организација Гратис гушкање - Free hugs - велат фановите.
Тоше на 25 декември традиционално правеше големи Хуманитарни концерти - еднаш во Скопскиот саем, а сите други во Универзална сала.
Редакцијата на Македонска Mузичка Mрежа преку неколку фотографии Ви ја доловува атмосферата од оваа забава, во чест на единствениот и неповторлив наш Тоше.
izvor: mmm.com.mk