Dudica Admin


Posts : 809 Join date : 2010-09-24 Age : 35 Location : Srbija
 | Naslov komentara: Тоше и по четири години од смртта им ги собира наградите на колегите 2011-12-02, 00:00 | |
| На Тоше Проески со освоени 10.833 гласа му припадна правата награда од режисерот Џулијани, односно ваучер од 3.000 евра за изработка на видео-запис, и тоа во анкетата спроведена на Фејсбук. Ова, според Џулијани, е досега најголемата анкета некогаш направена во Македонија на која се избираа најдобрите пејачи кај нас. Џулијани одлучил да додели ваучер за изработка на спот, но со оглед на тоа што повеќето пејачи од македонската сцена се негови пријатели и соработници, изборот за еден кој би добил ваучер не сакал да го прави тој, туку топката ја префрлил на Фејсбук мрежата, а гласовите на неговите пријатели, односно сите учесници во анкетата, преку 30.000, го дадоа победникот. http://vecer.com.mk На кој начин ќе се искористи наградата која постхумно ја доби Тоше се уште не се знае, бидејќи треба да следува средба меѓу режисерот и челниците од фондацијата Тоше Проескии. Инаку, во игра за награда се нашле Слаткар, Виктор Апостоловски, Лозано, Скипи и Тајзи, Елена Ристеска... (Ан.Ѓ.) | |
|